ВОЗАЧ УДРИЛ ШУМСКИ ПОЛИЦАЕЦ И ПОБЕГНАЛ Полицијата го пронајде сторителот и го лиши од слобода
При обидот да го запре патролата, В.Р. не се застанал на даден знак од овластените службеници, а наместо тоа, удрил еден од шумските полицајци, по што побегнал од местото на настанот.
Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против В.Р. (33) од Кичево поради сомнение за напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста. Инцидентот се случил на 27.11.2024 година на локален пат во кичевското село Осој.
Според пријавата, В.Р. бил затекнат од патрола на Шумската полиција додека извршувал нелегален транспорт на огревно дрво со возило „Лада Нива“. При обидот да го запре патролата, В.Р. не се застанал на даден знак од овластените службеници, а наместо тоа, удрил еден од шумските полицајци, по што побегнал од местото на настанот.
„Нападот на службеното лице е сериозен инцидент кој го стави во опасност животот на нашите полицајци, кои во текот на својата работа се изложени на ризици. Се надеваме дека оваа кривична пријава ќе биде основа за понатамошни правни дејствија“, изјавија од полицијата.
По преземените мерки и активности, полицијата успеала да го пронајде В.Р., кој бил лишен од слобода и ќе се соочи со обвинение за напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста.