ВОЗАЧ УДРИ ЖЕНА, A ПОТОА ПРИЈАВИ НАПАД Телесни повреди и пријава за физички напад за неколку часа во Виница

Возило „пежо 508“ удри жена, возачот неколку часа подоцна пријавил дека бил нападнат пред инцидентот.

81

На 28 декември во раните утрински часови, во Виница, 34-годишниот Б.Ј. од Виница бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Виница.

Според информации од полицијата, околу 02:33 часот на улицата Маршал Тито, Б.Ј., управувајќи го патничкото возило „пежо 508“ со винички регистарски ознаки, удрил во 35-годишната В.Х. од село Јакимово, која се здобила со телесни повреди. Таа веднаш била пренесена и прегледана во Општа болница Кочани.






Подоцна, околу 05:30 часот, додека се наоѓал во полициска станица, Б.Ј. пријавил дека околу 02:30 часот пред угостителски објект на истата улица бил физички нападнат од Д.И. од Виница.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани содржини