ВОЗАЧ ОД МАКЕДОНИЈА ЗАГИНА ВО СТРАШЕН СУДАР ВО ИТАЛИЈА Камионите не се препознаваат

Во сударот е повреден и другиот возач.

1,282

На периферијата на Равена, Италија, во близина на каменолом, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал 60-годишен возач од Македонија, кој живеел во Луго.

Во сударот е повреден и другиот возач. Репортерите од местото на настанот велат дека сударот бил страшен, а едниот камион бил згмечен до непрепознавање. Повредениот бил префрлен со хеликоптер во медицинскиот центар во Равена. Сообраќајот во објаста подолго време бил во прекин, додека не се отстраниети тешките камиони.






Несреќата се случила кога два камиона што се движеле во спротивни насоки – едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломот – се судриле директно, нанесувајќи им тешки последици на возачите.

– Ислами Месут, 60-годишниот државјанин од Македонија е човекот загина вчера во трагичната несреќа во близина на каменолом во Фосо Џијаја, објавија италијанските медиуми.

Поврзани содржини