ВОЗАЧ НА ЗАЕВ УАПСЕН ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАР ВО ВОДОЧА Лефков бара Филипче да се откаже од Заев ако СДСМ не стои зад пожарите

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ги повика институциите да го казнат со најстрога казна шоферот на Заев и да истражат до каде води линијата на наредба.

1,032

Шоферот на Зоран Заев, според нашите информации, подметнал пожар во атарот на браната Водоча во Струмица, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

– Ова е доказ дека пожарите во Македонија не се природна непогода, туку смислено сценарио на СДС и луѓе блиски со нив, со цел создавање нестабилност и хаос во државата. Крајната цел била да се обвинат институциите дека не можат да се справат со пожарите. И двете цели се разбиени. Целата јавност од денес знае дека луѓе блиски на СДС стојат зад пожарите – рече Лефков.






Тој додаде дека полицијата го уапсила лицето А.Н., кој бил возач на Заев, за подметнување пожар.

– Фактот што шоферот на Заев ги подметнувал пожарите, отвора прашање, каква е вмешаноста на Венко Филипче? Дали има организирана група во СДС за палење пожари и предизвикување хаос во државата? Ако човек од најблиското опкружување на Заев пали, тогаш се поставува прашањето не само дали, туку колкумина се дел од организирана структура и мрежа на пиромани? Го повикуваме Филипче, ако не стои заедно со Заев зад потпалувањето на пожарите, јавно да се откаже од него, наместо да биде негов потрчко и извршител – рече Лефков.

Тој ги повика институциите да го казнат со најстрога казна шоферот на Заев и да истражат до каде води линијата на наредба.

– Очекуваме од Јавното обвинителство да не го штити шоферот на Заев. Одговорност мора да има, како за потпалувачите на пожарите, така и за нивните политички ментори – порача Лефков.

 

Поврзани содржини