ВОЗАЧ НА КАМИОН УДРИ И УСМРТИ ПЕШАК Несреќа со фатален исход во Струмица

Тешко повредениот Д.Т. бил итно пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош, но за жал, и покрај напорите на лекарите, подоцна им подлегнал на повредите.

1,484

46-годишниот Д.Т. од селото Ангелци, струмичко, го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа што се случи вчера на булеварот Гоце Делчев во Струмица.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила во 15.35 часот, кога товарно возило-влекач Ман со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С. (56) од Богданци, удрило во пешакот.






Тешко повредениот Д.Т. бил итно пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош, но за жал, и покрај напорите на лекарите, подоцна им подлегнал на повредите.

– Сообраќајната несреќа е под истрага. Возачот на товарното возило веднаш беше задржан на испитување, а под надзор на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, телото на починатиот беше испратено на обдукција – изјавија од СВР Струмица.

Увид на местото на несреќата изврши екипа од СВР Струмица, која ги собира сите потребни докази за расветлување на трагичниот настан.

Поврзани содржини