ВОЗАЧ „ЦЕПА РИКВЕРЦ“ НА ПАТОТ РЕСЕН-БИТОЛА Кога може цела држава, зошто не и тој? (ВИДЕО)

Видеото предизвика големо внимание во јавноста, но прашање е дали ќе ги заинтересира и надлежните од МВР, со оглед на тоа што вакво возење во „рикверц“ на автопат е забрането и претставува потенцијална опасност за другите учесници во сообраќајот.

1,463

На Фејсбук страницата на Гласот на Америка објавено е видео на коешто се гледа како автомобил се движи наназад на патот Ресен-Битола.

Видеото предизвика големо внимание во јавноста, но прашање е дали ќе ги заинтересира и надлежните од МВР, со оглед на тоа што вакво возење во „рикверц“ на автопат е забрането и претставува потенцијална опасност за другите учесници во сообраќајот. Да причекаме и да видиме дали полицијата ќе го открие и дали ќе го казни авантуристот кој решил да вози наназад на отворен пат.
Во меѓувреме, македонските граѓани „фаќаат сеир“ на социјалните мрежи и коментираат. Еден од нив вели дека возачот само сакал буквално да ја илустрира состојбата во државата воопшто – правецот е добар, само насоката е погрешна.






Поврзани содржини