Воз удри во возило управувано од малолетник
Возачот на возилото со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Велес. Извршен е увид на местото на настанот.
Утринава во близина на Велес, товеарен воз удрил во возило управувано од 16-годишно лице, при што возачот со тешки телесни повреди е пренесен во болница.
Според информациите од МВР околу 06.40 часот на патниот премин кој се наоѓа кај влезот на Фабриката за порцелан во Велес, товарниот воз кој сообраќа на линијата Велес – Прилеп удрил во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(16) од с.Согле, општина Чашка.
Возачот на возилото со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Велес. Екипа на СВР–Велес изврши увид на местото на настанот.