ВОЗ УДРИ ВО „МЕРЦЕДЕС“ КАЈ „ПРЕВОЈ“ ВО КУМАНОВО Возачот префрлен во болница

Возачот на автомобилот е префрлен во болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

583

Во судир помеѓу воз и мерцедес едно лице заврши во болницата во Куманово, информира МВР во полицискиот билтен.

„На 24.12.2021 околу 11.20 часот во с.Романовце, кумановско на патен премин кај место викано „Превој“ се случила железничка незгода помеѓу воз кој сообраќал на релација Ж.С.Табановци -Ж.С.Трубарево и патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. од с.Алашевци“, се вели во билтенот.






Возачот на автомобилот е префрлен во болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

На местото од СВР Куманово извршиле увид.

Поврзани содржини