Воз удри во човек кај надвозникот во Визбегово

Не се соопштени детали за несреќата и во каква состојба е повредениот.

264

Воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево синоќа  удрил во едно лице. Повредениот е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, соопшти полицијата.

Како што е соопштено, несреќата се случила на  железничката пруга Скопје Север – Ѓорче Петров, по надвозникот во Визбегово.






Не се соопштени детали за несреќата и во каква состојба е повредениот.

Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата вчера бил во прекин од 17.00 до 19.35 часот.

Поврзани содржини