ВОЗ УДРИ ВО АВТОМОБИЛ КАЈ ПРИЛЕП Возачот загинал, полесно се повредени две лица
Загина 34-годишен прилепчанец, возач на патничкото возило со прилепски регистарски таблички, а двајцата сопатници, прилепчани, се здобиле со полесни повреди.
Едно лице загина, а две се полесно повредени при судир на воз со патничко возило кај преминот во населбата Сточен Пазар во Прилеп.
Според првичните информации од СВР Битола, судирот бил околу 4:00 часот изутрината и засега од СВР Битола не може да потврдат дали се случил при спуштена или крената рампа на преминот. Загина 34-годишен прилепчанец, возач на патничкото возило со прилепски регистарски таблички, а двајцата сопатници, прилепчани, се здобиле со полесни повреди.
Полицијата и основен јавен обвинител направија увид на местото на несреќата.