Две млади жени, родени сестри, загинаа попладнево во 17.40 часот на необезбеден железнички премин на пругата кај српското гратче Лапово, во Шумадија.
Во нив удрил воз кој сообраќал на линијата Земун-Ниш.
Жртвите на несреќата, К.Ж (32) и нејзината сестра Н.Ж. (31) од Лапово биле во здружението за помош на лица со попреченост „Зора“ во гратчето, за да се дружат со останатите членови, јавуваат српските медиуми.
Како што неофицијално објавуваат медиумите, на враќањето, на едната од сестрите ѝ паднале пари на пругата, па двете застанале да ги бараат. Тогаш на нив, без да го слушнат и да го видат, налетал возот.