ВОЗ ПРЕГАЗИЛ ЧОВЕК КАЈ ХИПОДРОМ? Мртво тело на маж е пронајдено на пруга

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција. 

209

На железничка пруга во скопската населба Хиподром во Скопје било најдено тело на маж без знаци на живот, кое најверојатно било удрено од воз.

Како што соопшти МВР, случајот вчера околу 14 часот бил пријавен во СВР Скопје.






Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Увид извршиле и екипи од СВР Скопје и од „Македонски железници“.

Поврзани содржини