📽️ ВОЗ ОД ПЕКОЛОТ, СЦЕНА КАКО ВО ХОРОР ФИЛМ! Вагоните наеднаш почнале да горат додека се движеле низ градот
На противпожарните екипи им беа потребни час и половина за да го локализираат пламенот и уште неколку часа за да се осигура дека пожарот е целосно изгаснат.
Запален товарен воз во ноќта меѓу неделата и понеделникот минал низ центарот на канадскиот град Лондон, пренесува Дејли Мејл.
На шокантната снимка може да се види дека најмалку пет вагони гореле и дека пожарот брзо се ширел. Шокираните жители врескале во своите автомобили додека запалениот воз минувал покрај нив, но за среќа никој не бил повреден.
Засега не е познато што го предизвикало пожарот во возот.
На противпожарните екипи им беа потребни час и половина за да го локализираат пламенот и уште неколку часа за да се осигура дека пожарот е целосно изгаснат.
– Сѐ ќе третираме како подметнување пожар додека не се докаже спротивното, тоа беа стари железнички врски, кои не беа многу вредни – соопштија од противпожарната служба.