ВОВЕДЕТЕ ЕМБАРГО ЗА НАФТА КОН РУСИЈА Зеленски бара ефикасни и сериозни санкции
Украинскиот претседател смета дека западните земји доцнат со санкциите.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата ги повика западните држави итно да ги заострат санкциите кон Русија и да воведат ембарго на нафта.
Тој истакна дека западните држави минатата година згрешиле кога ги пролонгирале санкциите кон Русија.
Зеленски наведе дека санкциите мора да бидат „ефикасни и сериозни“, имајќи ги предвид досегашните постапки на Русија.
САД веќе воведоа ембарго на испораките на руска нафта, но Европа, многу позависна од руската енергија, е неодлучна во тој поглед.