„ВООРУЖЕНА“ СО ИГРАЧКА УКРАЛА ПАРИ Жена се заканувала и го зела прометот од штипска книжарница
5-годишна штипјанка разбојнички влегла во книжарница и со лажен пиштол ги уплашила вработените.
45-годишната А.М. од Штип е осомничена за разбојништво откако со пластичен пиштол и закани украла пари од дневниот промет на една книжарница во градот, соопшти полицијата.
Како што информираат од СВР Штип, на 30 мај 2025 година, пријавената влегла во книжарницата и со употреба на предмет кој наликувал на огнено оружје, пластичен пиштол, го исплашила персоналот и ги одзела парите од касата.
– По преземени мерки и активности, идентификувана е сторителката и против неа е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело разбојништво, согласно член 237 од Кривичниот законик – велат од СВР Штип.
Полицијата не прецизира колкав износ бил одземен, но случајот е документиран и процесуиран пред надлежното обвинителство.