ВООРУЖЕН МАЖ ПУКАЛ ВО ГРУПА ЛУЃЕ Во инцидентот во Сион загинаа две лица

Според првите сознанија на полицијата, сторителот ги познавал жртвите.

125

Две лица го загубија животот,  а едно е рането во оружениот инцидент што се случил денеска во швајцарскиот град Сион кога маж пукал во група луѓе, соопшти локалната полиција, додавајќи дека сѐ уште трага по напаѓачот.

Кантоналната полиција на југозападот на Швајцарија соопшти дека според првите сознанија, сторителот ги познавал жртвите.






Според полицијата, нешто пред 8 часот, лице кое сѐ уште не е идентификувано, пукало во неколку лица во Сион. Како што се додава, засега не се познати неговите мотиви.

Полицијата соопшти дека ангажирала голем број лица за приведување на сторителот на нападот, а кантоналното обвинителство отвори истрага.

Поврзани содржини