(ОБНОВЕНО) ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ НА БАНКА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Испукан е еден куршум, приведени се две лица

Од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одзеле пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум, рекоа од МВР.

1,934

Денеска напладне во експозитура на банка во центарот на Скопје вооружени лица одзеле пари од вработените во банка, а едно од лицата пукало.

Грабежот бил причина за засиленото полициско присуство меѓу скопските населби Центар и Капиштец.






„На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одзеле пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Оттаму најавуваат повеќе информации за подоцна.

ОБНОВЕНО:

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево соопшти дека приведени се две лица.

„Денеска (08.03.2022) во Скопје се приведени Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво кое беше пријавено во 12:35 часот во експозитура на банка на подрачје на Центар кога три лица со закана со оружје одземале пари од вработените. Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини