ВООЧЕТЕ ЈА РАЗЛИКАТА Еве како изгледа кога ќе се разболат од ковид вакциниран и невакциниран

Разликата помеѓу двете слики е драстична - лево е снимка од белите дробови на вакцинирано лице, а десно е на невакцинирано лице кое прележало коронавирус.

3,386

Во целиот свет, бранот предизвикан од делта сојот доведе до зголемување на бројот на заболени од коронавирус, па поттикна доктор од болница во Сан Диего да објави снимки на вакцинирани и невакцинирани пациенти.

На прашањето на американската телевизија ABC дали има разлики во клиничката слика на вакцинирани и невакцинирани луѓе, познатиот радиолог д-р Алберт Хсијао испрати две фотографии наместо одговор.






Лево е снимка од белите дробови на вакцинирано лице, а десно е невакцинирано лице кое прележало корона.

– Како што можете да видите, разликата помеѓу двете слики е драстична. На првата слика го гледате ова црнило, тоа е воздух во белите дробови, тие се полни со воздух и тоа е добро. На втората слика е белина, магла. Тоа се белите дробови на невакцинирано лице, оштетени од инфекцијата – вели докторот.

На снимките, всушност можете да видите како функционираат вакцините, тие го препознаваат вирусот како туѓо тело, а кога некое лице ќе се зарази, веднаш го мобилизираат имунолошкиот систем да се брани.

– Вакцината го забавува ширењето на вирусот, го спречува да се размножи толку многу што станува смртоносно, всушност купува време за да може вашиот имунолошки систем да се бори против вирусот – вели д-р Хсијао.

Поврзани содржини