ВООБИЧАЕН ДОДАТОК ВО ИСХРАНАТА ПОВРЗАН СО ЗГОЛЕМЕН РИЗИК ОД РАК Кои се најпроблематични конзерванси во индустриската храна и пијалаци?

Истражувањето опфатило повеќе од 105.000 учесници, а резултатите покажуваат дека поголемиот внес на одредени конзерванси, вклучувајќи калиум сорбат, калиум метабисулфит, натриум нитрит, калиум нитрат, оцетна киселина и натриум ериторбат, е поврзан со зголемен ризик од сите видови на рак, но особено рак на дојка и простата.

46

Поголемата потрошувачка на конзерванси кои се користат во индустриски преработената храна и пијалаци е поврзана со умерено, но статистички значајно зголемување на ризикот од рак, според голема француска студија спроведена како дел од кохортната NutriNet-Santé.

Истражувањето опфатило повеќе од 105.000 учесници, а резултатите покажуваат дека поголемиот внес на одредени конзерванси, вклучувајќи калиум сорбат, калиум метабисулфит, натриум нитрит, калиум нитрат, оцетна киселина и натриум ериторбат, е поврзан со зголемен ризик од сите видови на рак, но особено рак на дојка и простата.
Авторката на студијата, д-р Матилда Тувие, заедно со нејзините соработници, наведува дека овие наоди имаат важни импликации за јавното здравје, со оглед на тоа колку се присутни овие адитиви во секојдневната исхрана.
Со оглед на широката употреба на овие адитиви во широк спектар на производи за храна и пијалаци, нашите наоди укажуваат на потреба од преиспитување на тековните прописи за подобрување на заштитата на потрошувачите, пишуваат авторите во The BMJ.






Додека не се достапни дополнителни докази, истражувачите препорачуваат да се претпочита свежо подготвена и минимално преработена храна.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.
Поврзани содржини