„ВОНЗЕМСКИОТ“ ДИЈАМАНТ ПРОДАДЕН ЗА 3,75 МИЛИОНИ ЕВРА „Енигма“ потекнува од метеор стар милијарди години
Точното потекло на Енигма сѐ уште е обвиткано во мистерија. Тоа што досега е познато е дека црните дијаманти се стари меѓу 2,6 и 3,2 милијарди години, односно од времето во кое диносаурусите уште не постоеле.
Црниот „вонземски“ дијамант стар милијарда години, за кој се верува дека е најголемиот исечен дијамант во светот, е продаден на аукција за 3,75 милиони евра, односно 3,16 милиони фунти. Енигма, како што го нарекуваат, тежи 555,55 карати, што би се рекло колку една просечна банана. А, за Дијамантот кој веројатно потекнува од прастар астероид беше платено во криптовалути, наместо во обични банкноти, пишува Би-Би-Си.
#AuctionUpdate “The Enigma”: This 555.55 carat Black Diamond sold today for £3,161,000 / $4,292,322. The buyer has opted to use cryptocurrency for the purchase. #SothebysJewels pic.twitter.com/ZuiL9SxET8
— Sotheby’s (@Sothebys) February 9, 2022
Аукционерската куќа Сотби не сакаше да го открие идентитетот на купувачот, но тој потоа самиот истапи пред медиумите. Се работи за Ричард Харт, претприемач со криптовалути. Тој планира да го преименува дијамантот од „Енигма“ во „HEX.com“, како што ќе се вика неговата нова блокчејн платформа. Ова на Твитер им го потврди аукционерската куќа на своите 180.000 следбеници.
Енгима е скапоцен камен од видот карбонадо, кој е еден од најтешките форми на природен дијамант. Карбонадите се исклучително ретки и досега биле откриени само во Бразил и во Централноафриканската Република. Бидејќи тие содржат осборнит, минерал кој се наоѓа само во метеорите, се верува дека потекнуваат од вселената.
Аукционерската куќа го опиша каменот како „едно од најретките космички чуда стари милијарди години познати на човештвото“.
Па сепак, неговото точно потекло сѐ уште е обвиткано во мистерија. Тоа што досега е познато е дека црните дијаманти се стари меѓу 2,6 и 3,2 милијарди години, односно од времето во кое диносаурусите уште не постоеле.
Самата планета Земја е стара околу 4,65 милијарди години, што значи дека нашата родна грутка не е многу постара од црните дијаманти.