ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА ВО СЕПТЕМВРИ? Вучиќ се заканува дека не попушта под уцени

1,182

Вонредните избори во Србија би можеле да се одржат веќе во септември, пишува српскиот портал Блиц, повикувајќи се на извор од врвот на Српската напредна странка (СНС) на Александар Вучиќ.

Оваа информација е објавена по остриот говор на Вучиќ на состанокот на врвот на СНС.






– Подобро е да ѝ се приклучиме на опозиција отколку партиски и приватни интереси да ја водат државата. Подготвен сум да одам на избори како кандидат за премиер, но нема да попуштам под уцена – рече Вучиќ.

Сумирајќи ја неодамнешната седница на Народното собрание посветена на Косово и Метохија, Вучиќ рече дека СНС е сама во одбрана на државните интереси и дека го има народот со себе.

„Доста ми е од корумпирани луѓе, кои сакаат да се збогатат на сметка на партијата, често повикувајќи се на моето име во нивните матни афери и секогаш кога треба да се борат за земјата и за народот, тие се првите кои го вртат го грбот“, рече Вучиќ.

Поврзани содржини