Вонредни инспекции за помладите лица кои му подлегнуваат на ковид-19

219

Во ковид-статистиката вчера беше регистриран нов случај на починато младо лице. Се работи за 33-годишен пациент од Скопје. За починатите млади лица, ДСЗИ досега иницираше 25 вонредни инспекциски надзори, од кои 11 се во тек. Се очекува ДЗСИ да иницира надзор и за починатиот 33-годишен скопјанец.

Тој е еден од 29-те починати кои беа регистрирани во претходното деноноќие од кои 12 се од Скопје, (72, 75, 80, 70, 84, 54, 64, 33, 78,78,48 и 64 г.), два од Куманово (63 и 82 г.), тројца од Прилеп (76, 67 и 87 г.), двајца од Тетово (65 и 72 г.), еден пациент од Струга (81г.), двајца од Велес (77 и 80 г.), двајца од Битола (64 и 65 г.), двајца од Гостивар (63 и 74 г.), еден пациент од Валандово (83г.) и двајца од Кичево (78 и 73 г.).






Трендот на намалување на новозаразени продолжи и вчера, регистрирани 883 случаи од направени 2827 тестирања. Покрај тоа, беа забележани и 536 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 77134, бројката на оздравени е 52949, на починати е 2254. Бројот на активни случаи изнесува 21931 од кои најголем дел се од Скопје (11713).

 


Поврзани содржини