Шпанскиот парламент изгласал денеска дека вонредната состојба ја продолжува за уште шест месеци.
Со ова локалните власти ќе добијат дополнителни овластувања за контрола на вториот бран на коронавирусот.
Во Шпанија вонредната состојба ќе остане на сила до 9 мај, пренесува Ројтерс.
Шпанија е една од најголемите жаришта на коронавирусот во Европа, со повеќе од 1.1 милион заразени од почетокот на пандемијата и повеќе од 35.000 смртни случаи.
– Свесни сме дека граѓаните се уморни по повеќемесечните напори и жртви и од тоа дека не можат да го работат тоа што го правеле претходно, да го гушкаат семејството и пријателите. Но не е време за ублажување на мерките, имаме многу тешки недели и месеци пред нас – изјавил министерот за здравство Салвадор Илја.