Вонредната состојба во Франција продолжена до 10 јули

Според претходно донесениот закон, кој стапи во сила на 24 март, овој режим беше воведен за период од 2 месеци.

360

Францускиот Сенат ги одобри измените на законот, за продолжување на здравствената вонредна состојба до 10 јули.

Според претходно донесениот закон, кој стапи во сила на 24 март, овој режим беше воведен за период од 2 месеци. Кон крајот на минатата недела, Советот на министри го разгледа законот за продолжување на ограничениот режим до 24 јули.






Пратениците гласаа за продолжување на вонредната состојба до 10 јули. Предлог-законот предвидува следење на заразените лица со коронавирус и нивните контакти. Според сенаторот Филип Ба, во овој поглед биле изгласани шест гаранции за „почитување на личните права“. Сенаторите исто така го одобрија амандманот со кој се бара жените жртви на семејно насилство да останат во изолација или карантин одделно од насилниот сопруг.

Текстот на предлог-законот ќе го разгледа денеска Националното собрание (долниот дом) на Франција.

Пред една недела, премиерот Едуард Филип претстави план за излез од ограничувањата наметнати со ширењето на новиот вид коронавирус. Постепено, ќе се отворат градинките, училиштата и продавниците, а рестораните и кафеаните ќе останат затворени. Француските власти се очекува да одлучат за нивното отворање кон крајот на мај.

По 11 мај, носењето маски во јавниот превоз ќе биде задолжително.

Поврзани содржини