ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ОНТАРИО Камионџиите одбиваат да го деблокираат сообраќајот

Демонстрантите и натаму одбиваат да го деблокираат сообраќајот, особено мостот Амбасадор, што е клучната сообраќајница за трговијата  меѓу Канада и САД.

494

Премиерот на канадската држава Онтарио, Даг Форд, денеска прогласи вонредна состојба поради двонеделните протести на камионџиите против пандемсиките ограничувања.

Демонстрантите и натаму одбиваат да го деблокираат сообраќајот, особено мостот Амбасадор, што е клучната сообраќајница за трговијата  меѓу Канада и САД.






Премиерот Форд, од Конзервативната партија, денеска изјави дека јасно ќе им стави до знаење на демонстрантите дека е нелегално да се блокира клучната инфраструктура.

– Ќе има последици и тие ќе бидат сурови – рече Форд.

Демонстрантите се соочуваат со казна до една година затвор и парична казна од 100.000 долари.

Висечкиот мост „Амбасадор“, што го поврзува Онтарио со Детроит, во САД, е клучната сообраќајница за автомобилската индустрија, но и за американските болници кои вработуваат голем број медицински персонал од Канада.

– Блокадата на канадската граница им се заканува на синџирите за снабдување, што веќе се ослабени поради недостигот и одложувањата поврзани со пандемијата – предупреди Брајан Кингстон, претседател на Здружението на канадски производители на автомобили, претходно оваа недела, повикувајќи на прекин на протестите.

Секој ден преку тој мост поминуваат околу 40.000 луѓе и се транспортира стока во вредност од 323 милиони долари.

Поврзани содржини