ВОНРЕДНА ИНСПЕКЦИЈА ВО БАРДОВЦИ ПО СНИМКАТА СО ТЕПАЊЕТО Напаѓачите биле сторители на убиство и обид за убиство

5,541

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) ќе направи вонредна инспекција по вознемирувачките снимки на социјалните мрежи на кои се гледа како „староседелци“ во Психијатриската болница Бардовци тепаат новодојден пациент, објави ТВ Телма. Издаден е налог за вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Психијатриска болница „Бардовци“ по што инспекторите ќе излезат во јавноста со соопштение.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдиле дека случајот од „Бардовци“ е пријавен.






Директорот на ЈЗУ Психијатриската болница „Бардовци“ преку социјалните мрежи го потврди случајот и посочи дека напаѓачите се сместени во судското одделение, а тоа се лица кои сториле кривични дела „Убиство“ и „Обид за убиство“.

Деновиве се појавија вознемирувачки видеа на кои се гледа како пациенти хоспитализирани во психијатриската болница во земјава крвнички тепаат новодојден пациент.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ПАЦИЕНТИ ОД БАРДОВЦИ СЕ ТЕПААТ И СНИМААТ КЛИПЧИЊА Управата на болницата нема поим што се случува

Поврзани содржини