ВОНРЕДЕН СОСТАНОК НА СОВЕТОТ УКРАИНА-НАТО Кој ќе биде одговорот на масовните руски напади?

Москва треба да почувствува посилен притисок, бидејќи без тоа ја продолжува војната, вели шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха.

362

Денеска во Брисел ќе се одржи вонреден состанок на Советот Украина-НАТО поради масовните руски напади, објави шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха.

„Денеска во Брисел ќе се одржи вонреден состанок на Советот НАТО-Украина на барање на Украина и како одговор на неодамнешните масовни воздушни напади од страна на Русија. Очекуваме фокусирана дискусија за заедничките чекори за соодветен одговор на отфрлањето на мировните напори од страна на Русија и ескалацијата на теророт врз Украинците“, напиша Сибиха на платформата Икс.






Тој им се заблагодари на НАТО и на сите сојузници кои продолжуваат силно да ја поддржуваат Украина.

„Москва треба да почувствува посилен притисок, бидејќи без тоа ја продолжува војната“, нагласи шефот на украинската дипломатија.

Поврзани содржини