Австралискиот инженер Симон Доранте-Деј (55) не се откажува од бизарните тврдења дека тој е тајно дете на британскиот принц Чарлс и војвотката Камила Паркер, а сега објави нови фотографии за да се обиде и да го докаже тоа.
Симон објавил две фотографии од Камила, па ги споредил со своите.
„Ако сега не гледате сличност, тогаш навистина не ни гледате“, напишал Симон на Фејсбук.
Луѓето на социјалните мрежи коментираат дека сличноста воопшто не е доведена во прашање.
„Неверојатно е колку многу личите“, „Никогаш не се сомневав во твојата приказна. Колку повеќе фотографии гледам, толку повеќе верувам. Среќно“, „Таа е твоја мајка, повеќе не постои сомнеж. Да ставиш перика и да се нашминкаш, мислам дека никој не би ја забележал разликата“, се само некои од коментарите под новата објава на Симон.
Тој претходно објави фотографии за да докаже дека постои сличност помеѓу него и принцот Чарлс.
Симон е убеден дека парот го зачнал кога Чарлс имал 17, а Камила имала 18 години. Симон Доранте-Деј е роден во април 1966 година, а подоцна бил посвоен од семејство во Портсмут, кое имало врски со кралицата. Бабата и дедото на семејството што го посвоило работеле како готвачка и градинар за кралицата Елизабета Втора и принцот Филип.
Симон, претходно сподели неколку фотографии од своите деца, затоа што смета дека личат на принцот Чарлс, како и на кралицата Елизабета во нејзините помлади денови.
Покрај тоа, тој е убеден дека покојната принцеза Дијана знаела за неговото постоење и дека и самата сакала да ја објави неговата приказна во јавноста.
Симон дури поднел и документи до Високиот суд во Австралија, барајќи Чарлс и Камила да направат ДНК тестови.
ФОТО: Фејсбук/Јутјуб/The Sun