ВОЛТ ДИЗНИ ЌЕ ОТПУШТИ 7.000 РАБОТНИЦИ Компанијата ќе се подели на 3 дела

Реорганизацијата треба да ги намали трошоците на компанијата за 5,5 милијарди долари.

114

„Волт Дизни“ објави дека ќе се реорганизира, а тоа ќе повлече отпуштање на 7.000 работници.

Медиумскиот конгломерат ќе биде поделен на три посебни единици: „Дизни ентертејмент“, „ЕСПН“ и единици кои вклучуваат паркови и други производи.






Ова, како што појаснуваат од компанијата, ќе ги намали трошоците за 5,5 милијарди долари.

Процесот на реорганизација се очекува да загрози 7.000  работници кои ќе бидат најверојатно отпуштени. Тоа е 3 отсто од вкупната работна сила на компанијата.

Објавата дојде неколку минути откако компанијата ги објави резултатите од заработката, со што акциите на компанијата се зголемија за речиси 9 отсто.

Поврзани содржини