ВОЛСТРИТ РАСТЕ ВТОР ДЕН ПО РЕД Инвеститорите очекуваат американската централна банка да ги намали каматите
Индексот Дон Џонс зајакна 0,91%, на 38.774 поени, додека S&P 500 порасна за 0,58 отсто, на 5.029 поени, а индексот Nasdaq 0,30%, на 15.906 поени.
На Волстрит, берзанските индекси денеска пораснаа втор ден по ред, бидејќи поостриот пад на трошоците во САД од очекуваното ги поддржа надежите дека американската централна банка наскоро ќе почне да ги намалува каматните стапки.
Индексот Дон Џонс зајакна 0,91%, на 38.774 поени, додека S&P 500 порасна за 0,58 отсто, на 5.029 поени, а индексот Nasdaq 0,30%, на 15.906 поени.
Во јануари прометот во трговијата на мало падна за 0,8%, повеќе од очекуваното, што укажува на слабеење на потрошувачката. Ова е лоша економска вест, имајќи предвид дека потрошувачката е главниот двигател на економијата, но позитивно се одрази на пазарот бидејќи слабеењето на потрошувачката може да предизвика слабеење на инфлаторните притисоци, што би отворило простор за ФЕД да ја намали каматата.
– Тие податоци покажуваат дека економијата може малку да слабее, а тоа е лоша вест, но исто така е потенцијално добра затоа што значи дека ФЕД наскоро би можел да започне со намалување на каматните стапки – вели Невил Јавери, портфолио менаџер во Allspring Global Investments.
Благодарение на ова, индексите пораснаа втор ден по ред, надоместувајќи ги загубите од вторникот, кога нагло паднаа поради зголемената инфлација во САД.
По тие податоци, намалувањето на каматните стапки на ФЕД во март веќе не се ни споменува на пазарот, а изгледите за намалување на каматните стапки во мај се избледени. Така, на пазарот преовладува мислењето дека ФЕД ќе започне со намалување на каматните стапки на седницата во јуни.
Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,38%, на 7.597 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,60%, на 17.046 поени, а париски CAC 0,86%, на 7.743 поени.