ВОЛОВИ ПРЕДИЗВИКАА ПОГРАНИЧЕН ИНЦИДЕНТ Влегоа во Бугарија, судбината им е неизвесна
Животните биле заловени и сместени во привремен објект за сточарство на општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби да одлучи што да се прави во случајот.
Бугарските институциите одлучуваат што да прават со шест волови кои ја преминале границата од Македонија во близина на ќустендилското село Ѓуешево пред неколку дена и влегле во Бугарија, објави Бугарскиот портал Бгнес.
Животните биле заловени и сместени во привремен објект за сточарство на општината, додека комисија од овластени бугарски и македонски служби да одлучи што да се прави во случајот.
Засега нема потврда за инцидентот од македонските власти. Не се знае дали овие шест волови се дел од оние говеда што шетаат слободно во областа на Крива Паланка предизвикувајќи голема тензија меѓу населението и сопственици, а македонските надлежни власти не успеваат да се справат со проблемот.
Животните биле забележани на земјиштето на селото Ѓуешево, а градоначалничката го пријавила случајот во општината. Тие биле заловени и транспортирани во привремен објект за сточарство. Што да се прави со нив ќе реши Регионалната комисија за контрола на храната, заедно со пограничните и општинските власти.
Бугарските медиуми потсетуваат дека пред неколку години една крава од Бугарија влегла во Србија во близина на ќустендилското село Олтоманци. Според европските прописи, по влегувањето во земја надвор од ЕУ, кравата морала да биде убиена, од превентивни здравстввени прични, но по инсистирање на селаните и јавноста кравата била поштедена.
Со оглед на строгите европски прописи, неизвесно е дали говедата од Македонија ќе бидат вратени назад од бугарска страна.