📽️ 📷 ВОЛОНТЕРИТЕ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ГО ЗАЈАКНУВААТ ФРОНТОТ Базени за хеликоптери, логистика и пожртвуваност при гаснењето на огнот

Несебична помош во најкритичните моменти – логистичка поддршка за службите и интервенции од воздух.

386

Во ек на борбата со пожарите што беснеат низ повеќе делови од земјава, волонтерите на Црвениот крст и денеска се на терен, давајќи активна поддршка на службите за заштита и спасување.

„Со несебична посветеност, нашите тимови се вклучени во логистичка поддршка, обезбедување на опрема и асистенција таму каде што е најпотребно“, соопштија од Црвениот крст. Посебно важна улога имаат базените кои се ставени на располагање за полнење со вода на хеликоптерите, со што се овозможува побрзо и поефикасно гаснење на огнените фронтови.






Од организацијата нагласуваат дека се целосно мобилизирани и подготвени да обезбедат дополнителна помош и ресурси доколку ситуацијата се влоши.

„Ова е време кога солидарноста и брзата реакција спасуваат животи и имоти. Црвениот крст ќе продолжи да биде таму каде што е најпотребно“, велат од хуманитарната организација.

Поврзани содржини