ВОЛФГАНГ ПАК ИМ ПОДГОТВИЛ КАЈМАКЛИ КАЈСИИ НА ФИЛМСКИТЕ ЅВЕЗДИ Турски специјалитети ги одбележаа годинешните Оскари
Познатиот готвач Волфганг Пак, кој го подготвува менито за Оскарите од 1995 година, во овогодинешното мени вклучил пиде од црноморскиот регион на Турција (Karadeniz Pidesi) и суви кајсии исполнети со крем сирење (Kaymaklı Kayısı Tatlısı).
Оскарите се една од најпрестижните церемонии за доделување награди во светот. Годинава, во театарот Долби во Лос Анџелес, се одржа по 94-ти пат.
На забавата по церемонијата, турските јадења ги воодушевиле сите присутни, меѓу кои познати филмски ѕвезди, уметници и продуценти.
Познатиот готвач Волфганг Пак, кој го подготвува менито за Оскарите од 1995 година, во овогодинешното мени вклучил пиде од црноморскиот регион на Турција (Karadeniz Pidesi) и суви кајсии исполнети со крем сирење (Kaymaklı Kayısı Tatlısı). Во овие два специјалитети за првпат уживале најистакнати личности од светската филмска сцена, а јадењата добиле големи пофалби.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.