„ВОЛЦИТЕ“ ОД РОМА ВО ПОТРАГА ПО ЛИДЕР Раниери вели дека тој не е иднината на клубот
Ако останам како тренер, тоа е година на загуба за Рома. Јас не сум иднината на клубот. Личноста која доаѓа, тој мора да биде иднината на Рома, изјави актуелниот тренер Клаудио Раниери велејќи дека тој и спортскиот директор на клубот се во потрага по новиот тренер.
Тренерот на Рома, Клаудио Раниери потврди дека тој и спортскиот директор на клубот Флорент Гисолфи ја водат потрагата по нов тренер на „волците“ од летото, а потоа, под сериозен притисок од новинарските прашања, на крајот ја отфрли можноста Џан Пјеро Гасперини да го преземе тимот.
Токму стручњакот кој моментално е на кормилото на Аталанта во последните денови најсилно се поврзува со позицијата на кормилото на Римјаните.
– Го очекував. Оваа недела зборуваме за Гасперини, следната недела ќе зборуваме за некој друг. Она што ме прави среќен е што ниту едно од споменатите имиња не се оние со кои сум разговарал. Можете да ги исклучите сите што се споменуваат. Гасперини нема да биде тренер на Рома. Рокот ќе го соопшти претседателот. Јас и Гисолфи ќе го направиме изборот. Ќе му дадеме список на кандидати на претседателот и тој ќе ја донесе својата одлука – изјави легендарниот тренер.
Toj додаде дека мислењето на навивачите секако е важно, но свесни се дека тие ќе ги сакаат оние кои добро си ја вршат работата во Рома.
– Ако некој не е оценет добро на почетокот, резултатите се тие што ќе бидат важни на крајот. Но, верувам дека името ќе им се допадне. Кој и да дојде, мора добро да се справи. Рома сака да биде на врвот и новиот тренер ќе биде свесен дека во нашите први два преодни рока нема да можеме да трошиме непромислено. Ако останам како тренер, тоа е година на загуба за Рома. Јас не сум иднината на клубот. Личноста која доаѓа, тој мора да биде иднината на Рома – изјави Раниери.
„Волците“ моментално се седми во поредокот во Серија „А“ и заостануваат само два бода зад Лацио и три помалку од Јувентус, кој е петти.