ВОЛЦ СЕ ЈАВИ ПО ВЕСТА ЗА НЕГОВОТО РАЗРЕШУВАЊЕ Истакна дека му е чест да му служи на Трамп
Чест ми е да продолжам да им служам на претседателот Трамп и на нашата голема земја, напиша поранешниот американски советник за национална безбедност, Мајкл Волц, на платформата Икс, коментирајќи ја одлуката на претседателот на САД.
Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Мајкл Волц, изјави дека е горд што ќе продолжи да служи во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, откако беше номиниран за постојан претставник на САД во Обединетите нации.
„Чест ми е да продолжам да им служам на претседателот Трамп и на нашата голема земја“, напиша Волц на платформата Икс, коментирајќи ја одлуката на претседателот на САД.
Претходно, на својата социјална мрежа Трут соушал, Трамп објави дека ќе го номинира Волц за функцијата следен постојан претставник на САД во ОН.
Трамп додаде дека, во меѓувреме, државниот секретар Марко Рубио ќе служи како советник за национална безбедност и „ќе продолжи со своето силно лидерство во Стејт департментот“.
- ТРАМП ГО РАЗРЕШИ СОВЕТНИКОТ КОЈ УФРЛИ НОВИНАР ВО ГРУПЕН РАЗГОВОР Волц ќе биде амбасадор на САД во ОН
Американските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, претходно објавија дека советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, и неговиот заменик, Алекс Вонг, ги напуштаат своите позиции.
Вoлц се најде под лупа на јавноста во март, откако по грешка отвори разговор на платформата „Сигнал“ и по грешка го вклучи новинарот Џефри Голдберг од магазинот Атлантик, во кој беа вклучени дискусии меѓу највисоките претставници на американската национална безбедност за плановите за напад на цели на јеменските бунтовници Хути.
I’m deeply honored to continue my service to President Trump and our great nation. pic.twitter.com/FFTPjnIYkI
— Mike Waltz (@MikeWaltz47) May 1, 2025