„Вог“ ги избра 10 најдобро облечени славни личности во најчудната 2020 година: Погледнете ја листата ФОТО

642

Годината која полека си заминува како да беше нагло прекината во март, кога поголемиот дел од светот заврши во карантин поради пандемијата на коронавирусот.

Црвените теписи беа откажани, ѕвездите ни дозволија да влеземе во нивните гардеробери и церемониите на доделување на наградите станаа виртуелни. Откажана беше и најголемата модна ноќ во годината, Мет Гала, бидејќи и музејот „Метрополитен“ ги затвори своите врати.






Нашите омилени славни личности и модни икони можевме да ги видиме на потполно поинаков начин – членовите на кралските семејства во домашни изданија, ѕвездите на уличната мода со заштитни маски во своите модни комбинации, а ѕвездите како Марго Роби позираа во своите изданија на Инстаграм, наместо на црвен тепих.

„За среќа, тоа нѝ даде увид кои ѕвезди се на пат 2020 да ја направат своја година. Како и секогаш, овогодишната листа на најдобро облечени не е поврзана само со моментите на црвениот тепих кои нè „соборија“ со гламур – тоа е воедно и посвета за луѓето кои секој ден ни сервираат стил“, пишува австралискиот „Вог“.

Помеѓу нивните фаворити се наоѓаат девет жени и само еден маж – погледнете ја листата. Тука спаѓаат британската грофица од Весекс Софи, актерките Марго Роби, Сирша Ронан, Зои Кравиц, Рене Зелвегер, Оливија Колман, Трејси Елис Рос, Фрлоренс Паг. Најдобро облечен маж е пејачот Хари Стајлс.

Сирша Ронан

Грофица Софи

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @harrystyles

 

FOTO: Instagram

Поврзани содржини