ВОЕНИТЕ ВЕЖБИ ОКОЛУ ТАЈВАН СЕ ЗАКАНА ЗА СВЕТСКИОТ МИР Европската Унија ја критикува Кина

ЕУ се спротивставува на „едностраните дејствија што ја менуваат статус-кво ситуацијата, особено со сила или принуда“.

94

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) денеска соопшти дека кинеските воени вежби во близина на Тајван го загрозуваат меѓународниот мир и стабилност.

– Мирот и стабилноста во Тајванскиот Теснец се од стратешко значење за регионалната и глобалната безбедност и просперитет. Ги повторуваме нашите повици за воздржаност и избегнување на какви било дејствија што можат дополнително да ги ескалираат тензиите, кои треба да се решат преку дијалог, наведува ЕЕАС.






ЕЕАС додава дека Европската Унија има „директен интерес за зачувување на статус-кво во Тајванскиот Теснец“ и дека ЕУ се спротивставува на „едностраните дејствија што ја менуваат статус-кво ситуацијата, особено со сила или принуда“.

Поврзани содржини