ВОЕНИ ВЕЖБИ ВО КАЛИНИНГРАД Подигната воената подготвеност во руската енклава
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко во средата ги предупреди европските земји дека не преземаат ништо против Калининград, нагласувајќи дека тоа би било „играње со оган“.
Русија организираше воени вежби во Калининград, руската енклава на Балтичкото Море меѓу Полска и Литванија, соопшти Командата на балтичката флота, неколку дена откако висок руски функционер ги предупреди европските земји да не преземаат акција против Калининград.
„До 1.000 припадници на армијата учествуваа во контролата… и повеќе од 60 парчиња воена опрема“, соопшти Командата.
Покрај тоа, 20 бомбардери Су-27 и Су-24 извршија борбена обука во текот на ноќта, симулирајќи напади врз бавни воздушни и копнени цели, командни позиции и воена опрема во Калининград.
Причината за вежбите не се наведува, ниту дали биле претходно планирани.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко во средата ги предупреди европските земји дека не преземаат ништо против Калининград, нагласувајќи дека тоа би било „играње со оган“.