ВОЕНА ВЕЖБА „БРЗА РЕАКЦИЈА-22“ ВО МАКЕДОНИЈА Ќе учествуваат 850 странски возила, 8 авиони, 24 хеликоптери…

Вежбата „Брза реакција – 22“ е дел од вежбата „DEFENDER EUROPE 22“, со учество на поголем број припадници на армиите од НАТО Алијансата и Партнерството за мир и ќе се изведува истовремено на пет локации низ Европа.

555

Владата на денешната 32 седница ја усвои Информацијата и донесе одлука за одобрување на влез и престој на странски вооружени сили на територија на Република Северна Македонија поради учество на вежбата „Swift Response – 22“, односно „Брза реакција-22“.

– Со оваа одлука, Владата ги задолжи надлежните институции да преземат мерки за непречено преминување на државната граница на повеќе од 850 воени и цивилни моторни возила, 8 авиони, 24 хеликоптери, 5 беспилотни летала, вооружување, муниција, опрема и материјално-технички средства на вооружените сили на странските држави, на територијата на Република Северна Македонија, се наведува во владиното соопштение.






Вежбата „Swift Response – 22“ е дел од вежбата „DEFENDER EUROPE 22“, со учество на поголем број припадници на армиите од НАТО Алијансата и Партнерството за мир и ќе се изведува истовремено на пет локации низ Европа.

 

Поврзани содржини