ВОЕНА СОСТОЈБА НА ПОЛСКО-БЕЛОРУСКАТА ГРАНИЦА Илјадници мигранти поитаа кон ЕУ, војската подготвена да пука (ВИДЕО)
Поради ситуацијата на границата, премиерот на Полска итно свика антикризен штаб, изјави портпаролот на полската влада Петар Милер.
Мигрантите ја напуштија територијата на Белорусија и влегоа во Полска, отстрането е засилувањето покрај патот во регионот Гродно во Белорусија.
– Граничарите се повлекле покрај патот, јавуваат војниците. Мигрантите ја напуштаат територијата на Белорусија – наведува агенцијата на својот профил на Телеграм.
Се додава дека „граничарите рекле дека цела голема група мигранти влегла во Полска, ја напуштила територијата на Белорусија, а кордонот бил отстранет“. Мигрантите кои биле во шумата рекле дека одат во Германија.
– Мигрантите однапред се договорија денеска да се соберат во голем број на границата. Имаат групи и разговори на месинџери – по 4-5.000 луѓе, преку кои се координираат – изјави извор запознаен со ситуацијата.
Na granicy pełni służbę już ponad 12 tys. żołnierzy. Podnieśliśmy stan gotowości @terytorialsi. Wspólnie ze służbami MSWiA jesteśmy przygotowani do obrony polskiej granicy. https://t.co/1HtsNJEsGU
— Mariusz Błaszczak (@mblaszczak) November 8, 2021
Во Полска свикан антикризен штаб, зголемена борбена готовност
Поради ситуацијата на границата, премиерот на Полска итно свика антикризен штаб, изјави портпаролот на полската влада Петар Милер.
Тој додаде дека седницата на антикризниот штаб ќе биде закажана за 13 часот, на која ќе учествуваат полскиот премиер Матеуш Моравјецки, претседателот на владејачката партија Право и правда, вицепремиерот Јарослав Качински, министерот за одбрана Маируш Блашчак и министерот за внатрешни работи, Маируш Камињски.
Поради ситуацијата, зголемена е и борбената готовност на полските војници.
– Ја зголемуваме борбената готовност на нашите сили за поддршка на граничарите – се наведува на официјалниот Твитер профил на Силите за територијална одбрана.
Граничниот комитет на Белорусија претходно објави дека поголема група бегалци со своите работи се движела по автопатот кон границата со Полска.
Неодамна, Литванија, Летонија и Полска известуваат за зголемување на бројот на приведени илегални мигранти на границата со Белорусија, обвинувајќи го Минск дека создава мигрантска криза.
Претходно белорускиот претседател Александар Лукашенко напомена дека Минск повеќе нема да го ограничува приливот на илегални мигранти во земјите од Европската унија, бидејќи поради западните санкции „нема ниту пари, ниту сила за тоа“.
Белоруските граничари постојано известуваат за обиди за насилно префрлање мигранти од Литванија, Полска и Латвија на белоруска територија.
Повеќе информации, фотографии и видеа погледнете ТУКА.