ВОЕНА ПАРАДА ВО КАБУЛ Талибанците се пофалија со заробените американски возила и со руските хеликоптери ВИДЕО

На парадата беа прикажани десетина американски оклопни возила М117 и хеликоптери МИ-17. Голем број војници носеа пушки М-4 од американско производство.

1,210

Талибанските сили денеска одржаа воена парада во Кабул, прикажувајќи ги заробените американските оклопни возила и руските хеликоптери.

Парадата е организирана по завршувањето на обуката на 250 војници, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана, Енаиатулах Хваразми.






На парадата беа прикажани десетина американски оклопни возила М117 и хеликоптери МИ-17. Голем број војници носеа пушки М-4 од американско производство.

Талибанските власти соопштија дека пилоти, механичари и други експерти од поранешната авганистанска национална армија ќе бидат интегрирани во новите сили, кои исто така почнаа да носат конвенционални воени униформи наместо традиционалната авганистанска облека што вообичаено ја носат нивните борци.

 

Поврзани содржини