ВОЕН ПРЕСВРТ ВО МАДАГАСКАР, ВОЈСКАТА ГО ПРЕЗЕДЕ ВОДСТВОТО Полковник најави двегодишна транзиција, следуваат Устав и избори

Полковникот изјави дека армијата ја презела контролата врз државата и дека ќе се формира совет составен од армиски и жандармериски офицери. Овој потег означува крај на седумгодишното владеење на претседателот Андри Раџоелина, кој избега од земјата.

488

Воената команда ја презела власта на Мадагаскар, откако полковникот Мишел Рандрианирина, командант на елитна единица, објави формирање преоден режим што ќе трае најмногу две години. Периодот, според него, ќе заврши со референдум за нов Устав и последователни избори, јави Ројтерс.

Полковникот изјави дека армијата ја презела контролата врз државата и дека ќе се формира совет составен од армиски и жандармериски офицери. Овој потег означува крај на седумгодишното владеење на претседателот Андри Раџоелина, кој избега од земјата.






Раџоелина беше евакуиран од островот со француски воен авион. Француската влада потврди дека тој бил евакуиран, но не ја соопшти неговата локација.

Политичката криза на островот се продлабочи откако Раџоелина со декрет го распушти Долниот дом на Парламентот. Потоа парламентот гласаше за негов импичмент со 130 гласа „за“, додека едно гласачко ливче остана празно.

Претседателството возврати со став дека состанокот е неуставен и дека сите донесени одлуки се ништовни поради распуштањето на законодавниот дом. Од друга страна, опозициските пратеници тврдат дека имале уставно право да постапат така, нарекувајќи ја акцијата „одбрана на народниот суверенитет“.

Неколку западни дипломати предупредиле дека ваквата двојна структура на власт може да доведе до меѓународна изолација и суспензија на финансиската помош за земјата, која веќе се соочува со сериозни економски предизвици.

Поврзани содржини