Водителот на Греми, со контроверзниот говор ги згрози сите, го спомна кралското семејство

1,069

Водителот на овогодинешните Греми награди, комичарот Тревор Ноа, го отвори шоуто со контроверзен монолог во кој се пошегува на сметка на британското кралско семејство, а исто така и наградите Греми ги спореди со немирите во Капитол, а зборуваше и за кокаинот.

Ноа се појави пред шаторот на отворено, во кој се наоѓаа ѕвездите, и ја опиша атмосферата како понапната од она којашто овие денови веројатно ќе владее меѓу членовите на кралското семејство.






– Номинираните изведувачи ќе седат дистанцирани на масите чекајќи на своите награди. Значи, во тој шатор во моментот има поголема напнатост отколку на семејната средба во Бакингамската палата – рекол тој.

„Доделувањето на Греми наградите е најголемиот настан оваа година, освен немирите во Капитол“, додал тој, иако претходно тврдел дека Греми нема да биде политички настан.

Потоа, тој во својот ја уфрлил и дрогата, велејќи дека доделувањето е редок настан во кој белото нешто што влегува во носот на учесниците не е кокаин, туку стапче за брис од кој се зема примерок и се тестира за коронавирус.

Од интервјуто на Меган и Хари со Опра на каналот Си-би-ес, на кој исто така беше емитувано доделувањето на Греми, помина една недела, а монологот на Ноа поради бројните рефенци на тој настан, како и поради вплеткувањето на политиката предизвика реакции.

„Го исклучив преносот веднаш на почетокот“, „Не е смешно. Некои луѓе умреа во немирите. Засрами се“, се едни од бројните осудувачки коментари на Твитер.

 

 

Поврзани содржини