🎥 ВОДИТЕЛКАТА НА БИНГО СЕ СТРУПОЛИ СРЕДЕ ЕМИСИЈА На Маша Зиповски ѝ се слоши додека ги кажуваше добитните броеви

На Маша Зиповски, која ја води популарната емисија „Бинго“ во Србија, одеднаш ѝ се слоши за време на преносот во живо, додека се извлекуваа добитните броеви. Таа подоцна им се извини на гледачите известувајќи ги дека е сега сѐ во ред

917

Водителката на Бинго во Србија се струполи на средина од емисијата.
На Маша Зиповски, која ја води популарната емисија „Бинго“, одеднаш ѝ се слошило за време на преносот во живо, почна да се тресе додека ги читаше бројките, а потоа се струполи. Членовите на екипата веднаш дотрчаа да ѝ помогнат, а програмата беше нагло прекината. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.

Кратко по настанот, водителката објави на својот Инстаграм профил.






– Ви благодарам на сите за вашата загриженост. Се случува, но сега сè е во ред. Извинете што ја прекинав програмата и ви благодарам за разбирањето. Се гледаме утре – напиша таа.

 

Поврзани содржини