📽️ ВОДЕШЕ ВЕСТИ СО ПУКНАТ ВОДЕЊАК Херојски потег на новинарка од Њујорк пред да оди да се пораѓа
Водителката сметала дека е безбедно да ја води емисијата бидејќи контракциите биле сè уште ретки и далечни една од друга. На екранот дури бил поставен тајмер кој покажувал дека поминале два дена од очекуваниот термин за породување.
Водителката на утринската програма на CBS6 во Њујорк, Оливија Џаквит, покажа невидена храброст и професионализам – ги водела вестите иако ѝ пукнал водењакот само два часа претходно.
Настанот се случил во раните утрински часови на 28 мај, кога на Оливија ѝ започнало породувањето околу 4:15 часот. Наместо веднаш да оди во болница, таа одлучила да ја заврши својата професионална должност и во 6 часот утрината се појавила во живо на телевизија како да сè е во најдобар ред.
Колешката Џулијан Дан на самиот почеток на емисијата ја откри веста со зборовите: „Имаме некои најнови вести утрово, буквално. На Оливија ѝ пукна водењакот“.
Џаквит сметала дека е безбедно да ја води емисијата бидејќи контракциите биле сè уште ретки и далечни една од друга. На екранот дури бил поставен тајмер кој покажувал дека поминале два дена од очекуваниот термин за породување.
Оливија уште во февруари објави дека заедно со својот сопруг го очекуваат своето прво дете. Неодамна таа дури и трчала полумаратон додека била бремена, што дополнително го засили вниманието на јавноста за нејзината физичка и ментална подготвеност.
По завршувањето на емисијата, уредникот Стоун Грисом јавно ѝ честиташе: „Не можеме да бидеме посреќни за нив. Од објавувањето на бременоста до денешниот херојски момент, Оливија го помина секој чекор со грациозност и решителност. Денес не беше исклучок.“
Тој додаде дека тимот со нетрпение го очекува најновиот – и најмладиот – член на редакцијата.