Водечкиот германски виролог: Знаете ли зошто имаме толку мала смртност? Едноставно, правиме половина милион тестови неделно

Причината зошто ние во Германија имаме така мал број на смртни случаи во однос на бројот на заразените е поради фактот што обработуваме голема количина на лабораториски тестови - изјави Кристијан Дростен, главен виролог во берлинската болница Карите.

1,622

Германија врши околу 500 илјади тестови на коронавирус неделно, изјави водечкиот германски виролог објаснувајќи ја ниската стапка на смртност од Ковид-19 во земјата во споредба со другите држави – пренесува tocka.com.mk.

Иако Германија според последните податоци има над 43 илјади заразени со коронавирусот, досега починаа 260, односно далеку помалку од останатите земји во Европа и светот каде се прошири пандемијата.






– Причината зошто ние во Германија имаме така мал број на смртни случаи во однос на бројот на заразените е поради фактот што обработуваме голема количина на лабораториски тестови – изјави Кристијан Дростен, главен виролог во берлинската болница Карите.

Поврзани содржини