Водечки британски епидемиолог предупредува: И вакцинираните може да пренесат ковид-19
Професорот Ван-Там изјави дека„ниту една вакцина никогаш не била“ 100 проценти ефикасна, така што нема загарантирана заштита.
Вакцината против коронавирус не е стопостотна гаранција дека нема да се заразите со коронавирус, но ќе ви биде полесно „да се сретнете со вирусот“ со или без благи симптоми.
Водечкиот британски епидемиолог Џонатан Ван-Там поредупреди дека лицата кои примиле вакцина против ковид-19 можат да пренесат инфекција и би требало да продолжат да ги почитуваат правилата за карантин.
Ван-Там кој е и заменик министер за здравство на Велика Британија нагласи дека научниците „се уште не го знаат влијанието на вакцините на пренесување на заразата“ јави БиБиСи.
Тој рече дека вакцината дава „надеж“ и стапката на зараза мора брзо да почне да опаѓа.
Министерот за здравство на Велика Британија рече дека 75 отсто од граѓаните постари од 80 години ја примиле првата доза од вакцината.
За комплетен процес на вакцинација се потребни две дози од вакцината Фајзер-Бионтек и Оксфорд -АстраЗенека, а бројот на вакцинирани досега покажува дека тие ја примиле само првата доза.