Нарушен е квалитетот на водата во делови од водоводниот систем во Ресен и не се препорачува за пиење, предупредија од ЈКП „Пролетер“ Ресен.
Предупредувањето е поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода.
– Заради ваша безбедност, водата привремено не се препорачува за пиење. Ова е последица на екстремните временски услови, а не на самата мрежа. Нашите екипи се на терен и веднаш по стабилизирањето на природниот притисок и квалитет, водата ќе биде вратена во редовна и безбедна состојба – информираа од ЈКП „Пролетер“ од Ресен и додаваат дека граѓаните ќе бидат навремено информирани за секоја промена во општината.