ВОДАТА ВО НЕГОТИНО Е ЗАГАДЕНА, ИМА МИРИС И ВКУС ОД НЕПОЗНАТО ПОТЕКЛО „Комуналец“ ја забрани за пиење и бара информации од граѓаните

Апелираме до граѓаните од овој дел на градот кои варат ракија, водата за пиење да не ја користат за ладење на вулите и да не оставаат црева во резервоарите за ладење, од кои може да дојде до создавање вакуум и повлекување на водата во градската мрежа, велат од „Коминалец“ од Неготино.

510

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците, информираше неготинското комунално претпријатие на својата страница на Фејсбук.

„Поради проблем со присуство на мирис и вкус од непознато потекло во водата за пиење во делот од уличната мрежа на улиците Индустриска, Маршал Тито, 29 Ноември, 11 Октомври, Никола Петров, Манчо Малиминов, Душан Јуруков, Димче Мирчев, Гоце Делчев, Питу Гули, Васка Калајџиска и  на Антигона, се забранува да се употребува водата за пиење“, објави Јавното претпријатие „Комуналец“.






Во соработка со Центарот за јавно здравје Велес и другите надлежни институци, се земаат вонредни мостри за анализа, се додава во соопштението.

Екипи работат на терен за да се лоцира и да се санира евентуалниот дефект.

„Замолуваме доколку некој има какво било сознание кое би ни било од корист, да се обрати во ЈП „Комуналец“. Апелираме до граѓаните од овој дел на градот кои варат ракија, водата за пиење да не ја користат за ладење на вулите и да не оставаат црева во резервоарите за ладење, од кои може да дојде до создавање вакуум и повлекување на водата во градската мрежа, а со тоа и до загадување. За вакви случаи ќе следуваат санкции“, соопштија од комуналното претпријатие.

Од „Комуналец“ додаваат дека праат напори за брзо надминување на проблемот.

Поврзани содржини