🎥 ВОДАТА НОСИ СЀ ПРЕД СЕБЕ, НАЈЛОШОТО ДОПРВА ДОАЃА Бурата Алис предизвика екстремни поплави во Шпанија

Националната метеоролошка агенција на Шпанија, издаде црвен аларм за североисточниот шпански регион Каталонија, затоа то се очекува дека дури 180 милиметри дожд би можеле да наврнат во областа за само 12 часа.

421

Масовни поплави предизвикани од обилните дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија, заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните власти.

Драматични снимки од невремето и од поплавите се објавуваат на социјалните мрежи. Се гледаат порои од каллива вода како течат низ градовите Ла Рапита и Санта Барбара во шпанската покраина Тарагона, однесувајќи сè пред себе.






Причина за тешките додови е бурата Алис.

Националната метеоролошка агенција на Шпанија, АЕМЕТ да издаде највисоко, црвенониво на предупредување за крајбрежниот регион.

За среќа, досега нема извештаи за жртви или за повредени луѓе.

Каталонската агенција за цивилна заштита апелираше до жителите на делтата на реката Ебро во Тарагона да не ги напуштаат своите домови.


АЕМЕТ предупреди дека дури 180 милиметри дожд би можеле да наврнат во областа за само 12 часа.

– Ситуацијата е комплицирана и се предвидуваат уште дождови – изјави Кристина Висенте, висок функционер на агенцијата.

Поради бурата, железничкиот сообраќај на Медитеранскиот коридор, кој ги поврзува градовите како Барселона и Валенсија, е суспендиран до понатамошно известување.

 

📽️ БУРАТА „АЛИС“ ВО ШПАНИЈА, ЗАКАНА ЗА ЕВРОПА Поплавени се туристичките раеви Коста Бланка и Аликанте

Поврзани содржини